Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, беше гостин во најновата емисија на „Бекстејџ“.
Тој зборуваше за детали од својот живот, а беше запрашан и дали знае да зготви нешто дома кога сопругата му е уморна.
Пендаровски се пофали дека знае да испржи јајца и да свари кафе.
-Знам да пржам јајца. Јајца знам, кафе знам. Отприлика тука завршува мојот дијапазон на можности во кујната, рече Пендаровски.
Истакна дека кога се враќаат касно и дома немаат ручек, тој оди да испазари.