Игрите на интернет се бегство на младите од реалноста. Родителите се тука за да ги постават јасно правилата!
Во последно време многу се зборува за „плавиот кит“, компјутерска игра која потенцијално ги тера децата да посегнат по својот живот. Играта во период од 50 дена ги убедува играчите да прават различни работи и да извршуваат одредени задачи, како што е гледање хорор филмови, будење на сред ноќ, повредување на самиот себе, а сето тоа завршува со чинот на самоубиство.
Од неодамна постои уште една опасна игра за која се говори дека е опасна за самите деца. Посебно загрижувачки е што истата е доведена во врска со трагичната смрт на 12. годишник од Загреб пред повеќе од година дена.
МОМЧЕ ПОСЛЕ ДВА МЕСЕЦИ ИГРАЊЕ СИ ГО ОДЗЕДЕ ЖИВОТОТ
Doki Doki Literature Club на прв поглед изгледа сосема обична игра. Главниот лик е емотивен тинејџер кој пишува песни за да преку нив ги импресионира девојките. Но, како што се развива текот на самата игра, истата се претвора во психолошки хорор.
Играта може да се симне бесплатно, а тие кои сакаат да ја играат мораат да потврдат дека имаат 13 или повеќе од 13 години. Потврдата не вклучува родителска заштита. Иако не може со сигурност да се тврди дека причината за самоубиство на хрватското момче, кој го извршил на ист начин како оној лик од играта, неговата мајка неодамна за The Sun Online зборуваше за влијанието кое оваа игра го имала врз самото момче.
Според нејзините зборови, нејзиното дете само 2 месеци ја играл опасната игра, по што си го одзел животот.
„Почнува да зборува дека играта го разбива четвртиот ѕид“, а јас тие негови зборови не ги разбрав сериозно, додека на него и те како му се допаѓаа мистериозни интелектуални работи. Ми велеше дека играта станува чудна и малку застрашувачка, но за жал многу подоцна ја откривме самата вистинска природа на оваа игра. Знаеме дека ја гледаше на Youtube, т.е како други ја играат. Во последниот месец од животот се промени, стана многу мрачен. Го изгуби интересот за училиште, а беше еден од најдобрите ученици. Почна да јаде многу малку, а имаше и проблеми со сонот, а за тоа немаше никакви знаци. Многу работи се случија со мојот син. Doki Doki е дел од тоа, но морам да знам и да дознаам дека неговата смрт има некакво значење. Мораме да им помогнеме на сите други деца, одговорноста на родителите е да зборуваат и да алармираат на опасностите, се исповеда на британски таблоид мајката.
Ликовите во играта директно им се обраќаат на играчите и на некој начин тие влегуваат во самиот играч. Играчот е воедно и главен лик, анксиозен ученик кој се зачленува во книжевен клуб и почнува да пишува поезија. После некое време пријателката на главниот лик му признава дека страда од депресија. Подоцна играчот го наоѓа нејзиното обесено тело.
ПРОБЛЕМ Е ШТО ИГРИТЕ СЕ ИНТЕРАКТИВНИ ПА ТЕШКО СЕ ИЗЛЕГУВА ОД НИВ
За влијанието на самата игра врз играчите, Д-р Зоран Зоричиќ, кој е специјалист по психијатрија вели дека зависност од игрите може да добие секој, а особено младите лица од 13 до 25 годишна возраст.
Некои игри можат да поттикнат агресија и да го совладаат умот на човекот да презема некои несвојствени за него потези кои се крајно нерационални. Проблемот според него е што игрите се интерактивни, кога веќе еднаш ќе влезете во нив, како да не можете да излезете од таму. Младите не се многу самокритични и игрите ги користат како бегство од реалноста во која живеат, вели тој. Во игрите имаат се под контрола, а во реалноста ништо, додава тој.
На прашањето: Зошто младите се најчувствителни, докторот одговара: Тие се посебно чувствителни бидејќи се биохемиски неразвиени, социјално се некомпетентни и слаби, а воедно полни со адреналин и желба за успех, бегство од притисокот од семејството односно родителите.
ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО ИМА ИСТ ПРОБЛЕМ, А ДЕТЕТО Е НАЈСЛАБИОТ ИГРАЧ
Родителите мораат одлучно да ги постават правилата и да се држат до нив. Тие знаат да ги изгубат нервите, да бидат строги, а после час време да попуштат. Со децата треба да се разговара отворено, без да се крева тонот, без да се постават огромни ограничувања со кои уште толку би му дале енергија на детето да тера по свое, вели психијатарот.
Целото семејство има ист проблем, но детето е најслабиот играч бидејќи се уште нема ментален капацитет да се справи и да се соочи со реалноста. Нажалост, околината многу влијае на зависноста од одредени работи, вели Д-р Зоран.