Фото: Силјановска Давкова го посети штабот на Стево Пендаровски и откри дел од разговорот со присутните

123
Силјановска Давкова

Кандидатот за Претседател на Република Северна Македонија професорката Гордана Силјановска Давкова денеска го посети штабот на кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски.

По вчерашното кафе со Река, денес решив да го посетам и штабот на Стево. Ѓорѓи Галетановски – Чомбе не ме пречека, ама со присутните заклучивме дека сите очекуваме фер изборен процес и избори без нерегуларности, пишува Давкова на Твитер.

Фото

Инаку, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ денеска доби поддршка и од Жозеф Дол, претседателот на ЕПП, кој истакна дека Силјановска е вистинскиот кандидат за зајакнување на економијата, независно судство и борба против корупцијата, предуслов за продолжување по евроатланската патека.

Во својот твит во кој изрази поддршка за Силјановска Давкова, Дол додава дека изборите треба да бидат слободни и фер, порача тој.