5.8 C
Skopje
Thursday, December 12, 2024

Доцна во ноќта, се огласија од ДИК и потврдија: Едниот кандидат има само 856 гласови предност

Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ и коалицијата, во првиот круг од претседателските избори освои 313.033 гласа. Во вториот круг на 5 мај негов противкандидат ќе биде Гордана Сиљановска-Давкова, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, која освои 312.177 гласа, соопшти вечерва Државната изборна комисија.

Пендаровски освои 42,67 проценти од вкупниот број гласови. Тој, според податоците на ДИК, победил во Куманово, Крива Паланка, Струмица, Берово, Делчево, Дојран, Центар и Карпош. Сиљановска доби 42,56 проценти од гласовите. Таа освои најмногу гласови во Велес, Кавадарци, Неготино, Битола, Охрид, Ѓорче Петров, Аеродром, Штип, Пехчево, Прилеп и Гевгелија.

Блерим Река, кандидатот на опозициските Алијанса за Албанците и Беса освои 76.496 гласа или 10,43 проценти од гласовите. Најголема предност Река има во Желино, Липково, Теарце и Боговиње.

Оливер Дeрковски, претседателот на ДИК, изјави дека изборите минале во фер и демократска атмосфера и изрази задоволство за добро извршената работа.

поврзани објави

Последни објави