13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Трендафилов на 1ТВ: Пријателите на Груевски се доста ангажирани во 31 политичка партија која стои зад Пендаровски

Сметам дека Пендаровски ја изгуби својата индивидуалност, која беше карактеристична за него, истата таа е поклопена од 31 партија која дава поддршка за Стево Пендаровски, рече Ѓорѓи Трендафилов од ГДУ во гостувањето на 1ТВ.

-Знаејќи го Пендаровски не верував дека ќе дозволи да биде притиснат од партиите. Неговата индивидуалност во овие избори ја грабнаа дел од партиите и не ми звучи добро образложените кога не плаши со Груевски, зошто во тие политички партии има доста луѓе кои се пријатели на Никола Груевски, додава тој.

Мислам дека Пендаровски ја ужива благата предност, но би било коректно дека ВМРО-ДПМНЕ успеа да совлада психолошка бариера пред се за сопствените приврзаници, централен комитет, бегството на нивниот почесен претседател, треба да признаеме дека тоа е амортизирано.

Ѓорѓи Трендафилов рече дека е задоволен од резултатите во Охрид. Нанче не учествувал на никакви избори, но неговиот изборен штаб, ова беше прво искуство да се учествува во кампања. Ударната моќ доаѓа од сопствената партија ГДУ, ова им е беше како мало крштевање, проекциите наши беа од 6 до 8 %, ние го имаме овој резултат. Ако тоа се смета на локално ниво, ГДУ би имала 2 советници т.е претставници во советот на Охрид.

Целото гостување на Трендафилов во продолжение:

поврзани објави

Последни објави