Се родиле на ист ден во иста болница, а прв пат се запознале на нивниот 18. роденден: Својата љубов ќе ја крунисаат со брак (Фото)

0
2

Момче и девојла д Виган, Англија, кои се родени во ист ден во иста болница, за прв пат се запознаваат на нивниот 18ти роденден, а сега ќе стапат во брак.

Шона Грејси дошла на свет само неколку часа после раѓањето на својата сродна душа, Том Мегвајер, пред 26 години, на 26 декември 1992 година.

И покрај тоа што живееле на одалеченост од 5 километри еден од друг, прв пат се запознале во 2010 година.

Двајцата славеле роденден, а кога нивниот заеднички пријател ги запознал, Том кој работи како инжењер веднаш се заљубил, меѓутоа Шона на почетоко не била заинтересирана.

Повторно се сретнале после два месеци, па после ноќното дружење, за прв пат се бакнале. Дури и тогаш Шона се трудела да го избегне својот обожавател, но во април 2011 година, после многу труд, упорниот Том конечно ја освоил девојката што му се допаѓала. Од тогаш официјално започнала нивната врска.

После осум години, нивната љубовна приказна ќе добие крај како во бајките, одлучиле да се венчаат во родниот град.

Шона која работи како медицинска сестра, истакна дека Том бил непопуслив се додека не ја освоил, потенцирајќи и дека еден ден ќе бидат заедно и дека ја сака.

„Заедно сме веќе осум години, многу сме среќни, тој навистина е еден во милион. Судбината сакала да се сретнеме. Навистина е прекрасно што сме родени во ист ден и на исто место. Сакам да им раскажувам на луѓето и да ги гледам нивните реакции“, вели Шона.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here