Еден од најголемите и најдобрите шоумени во државата и пошироко, Игор Џамбазов, кој исто така е одличен текстописец, музичар, глупец, честопати знае да ја насмее јавноста со некои од своите вицови.
Роден е на 15 јули 1963 во Скопје во семејството на композиторот Александар Џамбазов и глумицата Анче Џамбазова, а како внук на истакнатиот глумец Петре Прличко. Што се однесува до почетоците во актерството, неговата примарна професија, Игор Џамбазов со глума почнал да се занимава на шестгодишна возраст кога глумел во филмот Македонскиот дел од пеколот, во режија на Ватрослав Мимица.
По дипломирањето на Академијата за драмски уметности работи во Драмски театар, а подоцна преминува во МНТ. Одреден период тој ја имал можностa да глуми во МНТ додека во него се уште глумеле неговата мајка Анче Џамбазова и неговиот дедо Петре Прличко. Во 1996 година играл во филмот „Добредојдовте во Сараево“ во режија на Мајкл Винтерботом. Се снимал во Сараево за време на војната, па во Сплит и две недели во Лондон. Ликот што го толкувал бил меѓу првите десет важни лика. Во филмот се појавиле Вуди Харелсон, Мариса Томеи, Горан Вишниќ, Стивен Дилен и други. Премиерата била во Кан.
После одредено време тој прекинува да глyми во Македонскиот Народен Театар, но во 2016 се враќа на сцената со претставата „Брачна игра“ во режија на Тони Михајловски и според текст на Едвард Олби. Во неа, Весна Петрушевска и Игор Џамбазов, ги играат главните ликови, брачниот пар Џилијан и Џек. Во 2017 пак го игра главниот лик Мишел Радински во „Говорна мана“ во режија на Драгана Милошевски-Попова, според текст на познатиот српски театарски и филмски режисер Горан Марковиќ.
Тој последно глумеше во популарната македонска серија „Преспав“ во улога на Миле Бузалевски, откако влезе на местото на Владо Јовановски.
Во прилог најдобрите вицови раскажани од единствениот Игор Џамбазов.
https://www.youtube.com/watch?v=jy_HQxQuWCM