Ние ќе останеме во рамките на институциите бидејќи сметаме дека таму можеме да се бориме со нашите политички аргументи, рече Христијан Мицкоски на прашањето дали ќе го напуштат Собранието доколку Заев не прифати предвремени парламентарни избори.
Ние мораме да бидеме чесни спрема гласачите и граѓаните и кога даваме понуда да биде во рамките на Уставот. Ние мораме да се задржиме во она што е во рамките и ингеренциите на претседателот и тука ние заедно со нашиот кандидат можеме да гарантираме заштита на законите и Уставот, додаде Мицкоски.
Нејзиниот патриотизам вели тој никогаш не заостанувал и таа ќе биде вистински човек за претседател на Република Македонија.
Со Груевски се немам видено пред да замине таму каде што е сега, рече Мицкоски на прашањето дали се слушнал со Груевски.