Популарната македонска водителка, Лила Филиповска, во интервју за „Бекстеј“ откри дека единствена естетска корекција која што ја има направено на своето тело се градите.
Како што вели преубавата Лила, таа не се оперирала со цел да ја зголеми својата самодоверба, туку се со цел да си го олесни секојдневието и да не губи време барајќи соодветни градници кои што ќе и одговараат на фустаните што ги носи за време на снимање на квизот „Се или нешто“.
„Ги оперирав градите затоа што имав сериозен проблем со изборот на градници. Секој ден имам емисија, водителка сум повеќе од 26 години, секој ден менувам разни фустани и комбинации и не можев секогаш да најдам соодветен градник кој што не би се гледал под фустанот.
Долго време пријателите ме убедуваа да го направам тој чекор, но јас некако бев неодлучна, а сега откако ги корегирав ми е жал што порано не легнав под нож“, вели Лила.