2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Тајната на Белата куќа: Сите ја знаеме нејзината фасада, погледнете што се крие во внатрешноста (Видео)

Белата куќа е официјалната резиденција на претседателот на САД, како место од кое се раководи со најголемата светска сила.

Нејзин архитект бил Џејмс Хобан од Ирска, кој ја изградил во неокласичен стил, сличен на изгледнот на зградата на парламентот на Република Ирска. Таа е изградена во периодот од 1792 до 1800 година, но морала да биде обновена после војната во 1812, во која настрадала поради штетата која ја нанеле припадници на британската воска, во текот на својата окупација на Вашингтон.

Најпрво Белата куќа се викала „Извршна резиденција“, како што денес се нарекува централниот дел и главната зграда, во комплексот кој е поврзан со крила. Во текот на 20 век, откако е изградено и западното крило, претседателот Теодор Рузвелт и го дал официјалното име „Бела куќа“.

Во надворешниот изглед тоа ќе биде несомнено признаено од секој што го гледа. Во светот нема многу такви објекти, особено во однос на официјалните резиденции на извршната власт: колку луѓе знаат да препознаат официјална резиденција на претседателот на Франција или Руската федерација или на канцеларот на Сојузна Република Германија? И дури и од седиштето на британскиот премиер во Даунинг стрит, повеќето луѓе ќе ја препознаат вратата!

Но, помалку познато е внатрешната структура на Белата куќа, она што стои зад ѕидовите. За среќа, постои интернет, па некој изврши извонредно “расчистување” на целиот комплекс. Погледнете го видеото.

поврзани објави

Последни објави