13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Видео: 7000 илјади македонски грла со Некст Тајм ја пеат „Ја излези Ѓурѓо“

Македонскиот ракометен првак Вардар игра пред (пре)полна сала во СЦ „Јане Сандански“, а пред натпреварот, вардаровите навивачи повторно пееја заедно со македонската група „Некст Тајм“.

Групата ја испеа популарната „Излези Ѓурѓо“, а пропатно со нив грмеа уште 7.000 грла, присутни на трибините во вардаровиот дом. Во СЦ „Јане Сандански“ нема место игла каде да фрлиш, затоа што трибините се полни, а исто така, нема место и за стоење.

Поддршка има и ПИК Сегед, во нешто околу 150 гости од Унгарија. Ова е последен меч за Вардар во овој лик, откако Сергеј Самсоненко соопшти дека се откажува од проектот за наредната сезона.

поврзани објави

Последни објави