fbpx
17.8 C
Skopje

Тачи со остри критики за поглаварот Реџепи: ИВЗ мора да се ослободи од овој криминалец

АКТУЕЛНО

Моето мислење е дека на претседателските избори, граѓаните на Македонија гласаа на совршен начин, иако ве уверувам дека со овој резултат сите политички сили се незадоволни, истакна претседателот на ДПА во синоќешното интервју на телевизија „Клан“ која беше посветана на резултатите од првиот круг од претседателските избори.

„Владата излезе лошо со гласовите, најлошо од сите. Во рамките на Владата најлошо помина СДСМ. На парламентарните избори СДСМ имаше 70.000 албански гласови, а сега со ДУИ, ДПА и другите албански партии, доби 35.000-40.000 гласови“, рече претседателот на ДПА.

Тачи го коментираше и придонесот кој ДУИ го имаше на контото на Пендаровски, за што вели дека тие дале збор да придонесат за него но сепак толку им била силата.

„Моето мислење за ДУИ е дека не можеле повеќе. Не можеле. И ДУИ дале збор но толку им е силата. Да бидеме коректни“, констатираше Тачи.

Тачи изнесе и критики за поглаварот на ИВЗ.

„Ги собрал луѓето во една соба, го сменил уставот на ИВЗ со желба биде доживотен поглавар. Институциите треба да интервенираат. Овој криминалец излегува пред камери и вели – јас сум босот. ИВЗ треба да се ослободи. Треба отчет за аџилакот и парите кои аџиите ги давале на ИВЗ и за многу друго“ – изјави Тачи.

Извор: Фокус

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -