6.8 C
Skopje
Thursday, December 12, 2024

Парите го сакаат овој човек: Два пати добил на лото, цифрите ќе ве остават без здив (Фото)

Британскиот пар Дејвид Лонг и Кејтлин Мекензи, на лотарија „ЕвроМилионс“ освоија 1,4 милиони евра и тоа по втор пат оваа година. Шансите за ова се 283 милијарди спрема 1, што веднаш го наметна прашањето, „како е тоа возможно?“.

Овој среќен пар после првиот милион останал да живее во истата куќа како до тогаш, но откако го добили и вториот милион, испланирале крстарење по Медитеранот.

Тие велат дека од секогаш имале чувство дека ќе добијат на лото.

„Секогаш знам кога ќе добијам, знаев и првиот пат. Играм лото кога знам дека ќе има многу награди. Последниот пат знаев дека имам добри шанси затоа што имаше многу големи награди“, изјави среќниот добитник, кој сосем случајно, после првиот милион, се решил да игра повторно.

Дејвид сосема случајно го уплатил лотото вториот пат, кога поминувал покрај уплатно место и видел дека има десет награди по десет милиони и еден преубав автомобил.

„Едноставно сакав да се обидам, вредеа тие неколку линии, а јас ги одиграв стандардните бројки и добив петка“, вели Дејвид.

„Ова е навистина несекојдневна ситуација, луѓето се шокирани кога добијат еднаш, а за втор пат да не правиме муабет“, рекоа од компанијата која ја организира британската лотарија.

поврзани објави

Последни објави