На магистралниот пат Ниш – Приштина кај селото Барлово, кај Куршумлија утринава околу 7 часот дошло до сообраќајна несреќа во која животот го загубија четворица патници, а има повеќе повредени.
Како што соопштија од српското МВР, во сообраќајката учествувале камион и автобус на „Ниш – експрес“ кој при несреќата се запалил.
Неофицијалните информации се дека меѓу загинатите се возачите на автобусот и на камионот.
Според сведоштвото на еден од очевидците, жена молела за помош, откако целата била опфатена во пламен.
„Жива гореше и бараше да и помогнам, но не успеав да ја извлечам затоа што беше заглавена меѓу седиштата и гореше. Се обидев на и помогнам но не можев“, вели очевидец за српски Телеграф.
Сообраќајот е во прекин, а полицијата работи на расчистување на случајот.