Голманот на Порто, 37-годишниот Икер Касиљас на вчерашниот тренинг се појавил во лоша состојба, но за среќа по брза реакција на лекарите на тимот префрлен е во најблиската болница каде е воспоставено дека доживеал срцев удар. На крајот се добро се заврши со информациите дека е надвор од животна опасност.
Од болницата се огласи и сопругата на шпанскиот голман, Сара Карбонеро.
„За среќа, се остана само на стравот. Им благодариме на сите за изразите на љубов и загриженост. Како што ми кажа една добра пријателка денеска, животот понекогаш има чудни начини да го славиме секој момент“ – напиша Сара со фотографија заедно со Икер.
Касилјас неодамна потпиша нов договор со португалскиот шампион според кој за Порто треба да брани до 40 години. Но, неговата кариера сега дефинитивно е под знак прашање.