18.8 C
Skopje
Friday, October 4, 2024

Кристина Фростер на предавање во Скопје ќе открие која е иднината на контент маркетингот

Human Centred Design и Responsible Communication се следните нивоа за контент маркетингот, како тема на која ќе предава Кристина Фростер на настанот кафе со експерт, кој ќе се одржи на 10-ти мај, петок, со почеток од 18 часот во Јавна соба

„Во изминатите години, контент маркетингот докажа дека е неопходен за секој бренд и бизнис за да бидат комплетно успешни во дигиталниот свет. Сепак, станува се популарен контент маркетингот кога се зголемува потребата за користење на истиот. Затоа ние имаме потреба од два нови тренда кои се дел од овој тип на маркетинг, кои се повисоко ниво за работа а тоа се: Human Centеred Design – пристап кој првично беше за развој на производите, поточно е можност да креирате правилна порака до директната целна група во вистинското време, и Responsible Communication – избирање на јазикот со кој ја креираме содржината, што е навистина важно, како да адресираме, како и каква одговорност имаме кога користиме контент маркетинг. Дефинитивно нашето предавање ќе ве поттикне да размислувате поинаку во светот на маркетингот“ вели предавачот Кристина Фростер.

Фростер е со потекло од Виена, Австрија и верува дека секој бизнис, бренд или продукт имаат приказна која би сакале да ја раскажат. Нејзината лична приказна започнува со новинарството, која од традиционален пишан медиум во 2005 година трансферира во онлајн медиум. Нејзиниот престој и работа во Лондон цели осум години истражува за контент маркетингот преку кој пасија и стануваат потребите за раскажување на приказна и одговорната комуникација. Кристина тогаш помага на клиентите да се рангираат на едно поинакво ниво, преку работата се вклучува во големи корпорации и мали компании со цел да направат стратегии за маркетинг кои ќе бидат корисни за внатрешна и надворешна употреба. Областите во кои работи се мода, спорт, музика, медиуми и ИТ секторот со компании и организации како на пример, Red Bull, WWF, Nivea, Labello, Boden or Cisco Austria. Таа е еден од основачите на компанијата Heartbeats Innovation & Communication и експерт за дигитален маркетинг во Impact Hub Vienna.

Кристина живее во Белград и работи како #SwissEP Entrepreneur-In-Residence, има големо искуство во водење и советување на стартапи и организации во Северна Македонија.

EIR Europe е иницијатива на Swiss Entrepreneurship Program, која е финансирана од Владата на Швајцарија а имплементирана од Swisscontact во соработка со J.E. Austin.

Сите заинтересирани за предавањето кое чини симболични 150 денари можат директно да се пријават преку е-пошта ina@publicroom.org

поврзани објави

Последни објави