11.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

Андреј Дочински, Македонец од Словенија во трката за Европски парламент

Андреј Дочински, Словенец со македонско потекло или Македонец од Словенија, сеедно, е меѓу кандидатите од поранешната југословенска република за член на Европски парламент од Словенечка национална партија (Slovenska nacionalna stranka) на Змаго Јелинчич.

„Понесен од состојбата во која се наоѓа Република Македонија, како и бројните секојдневни предизвици со кои се соочува, чувствувам силна потреба од континуирани активности со цел вокализирање на македонското прашање. Многумина што веќе ме знаат мене и моите минати активности поврзани со македонската кауза, како еден од организаторите на двата протеста за поддршка на името на Република Македонија лани во Љубљана и во Крањ, како и другите заедници во Словенија, можат да посведочат за мојата посветеност на бранењето на човековите права.

Претпочитам сплотено делување наспроти поделби, затоа што само така сметам дека се постигнува успех“, вели Дочински. Целиот текст прочитај го на експрес.мк

поврзани објави

Последни објави