Близу 30 % од милијардерите во светот во текот на 2018 година живеат во 15 града, според информацијата на The Wealth-X. Голем дел од милијардерите во текот на минатата година се преселиле во источниот дел на Азија.
Еве во кои 15 градови живеат тие во 2018 година:
Токио – 29 милијардери. Од целата држава во метрополата на Јапонија живеат мајмногу. Во текот на 2018 само еден од нив го напушта Токио. Но сепак, секој четврти од петти милијардер во Јапонија живее во Токио.
Хангжу – 31 милијардер. Растот во индустријата со иновации и технологии го зголемило населението на градот со 25 % во последните пет години.
Истанбул – 32 милијардери. Главниот турски град бележи пад кога станува збор за присуството на милијардери во истиот. Четири од побогатите луѓе го напуштиле Истанбул во 2018 година.
Сао Паоло – 33 милијардери. Бразилскиот град е единствениот, кој не изгубил, но ниту пак привлекол нов милијардер во текот на минатата година. 11. Шенжен – 37 милијардери. 10. и 9. Мумбаи и Дубаи по 38 милијардери. Овие 2 места си ги делат Мумбаи и Дубаи. Дубаи во 2018 година го напуштиле само 2 милијардери.
Осмото и седмото место го делат Лос Анџелес и Сингапур со по 39 милијардери, Пекинг 55 милијардери, Лондон 65 милијардери, во Москва има 70 милијардери. Москва во 2018 добила само еден милијардер плус.
Потоа следува Сан Франциско кој на листата е со 75 милијардери, а второто место му припаѓа ма Хонг Конг каде што има 87 милијардери.
Првото место на листата е за најголемиот град во светот Њујорк. Во 2018 на Њујорк му се придружиле уште двајца милијардери.