24.8 C
Skopje
Sunday, May 19, 2024
spot_img
spot_img

„Фокус“: Владиниот портпарол ќе стане дел од тимот на Пендаровски

Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, најверојатно ќе биде дел од тимот на претседателот, Стево Пендаровски, информира Фокус.

Според порталот Бошњаковски ќе премине во кабинетот каде најверојатно ќе ја заземе позицијата шеф на кабинет на претседателот.

Целиот текст прочитајте го на ФОКУС – ОВДЕ

Прочитајте повеќе: Новата цена на горивата ќе ја дознаете во вторник на бензинските пумпи.

Новите цени на горивата од вторник граѓаните ќе ги дознаваат на бензиските пумпи, оти трговците ќе ја формираат цената наместо тоа да го прави Регулаторната комисија за енергетика. Нејзиниот мандат за утврдување на цените на дериватите истекува во понеделник на полноќ кога истекува договорот со ОКТА според кој функционираше старата методологија за утврдување на цената.

Од Регулаторната комисија за енергетика смируваат, оти како што велат, добиле уверување од трговците дека нема да се создаде ценовен шок и ќе се следат цените на светскиот пазар.

Со новите измени на Законот за енергетика се предвидува Комисијата цената на горивата да ја утврдува еднаш седмично наместо на две недели.

Цената на горивата, според новата методологија, ќе се пресметува според движењето на цените на светските берзи и средниот курс на доларот, а во пресметката ќе бидат вклучени и трошоците на трговците за набавка, складирање и транспорт. Дополнително ќе се одреди и маржа за профит на трговците, но според регулаторите заработувачката ќе мора да биде разумна.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img

Последни објави