16.8 C
Skopje
Wednesday, September 18, 2024

Мицкоски не бил поканет на инаугурацијата на Пендаровски бидејќи не бил пратеник

Од Собранието на Република Македонија денеска дадоа одговор зошто лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски не би поканет на инугурцијата на новиот претседател Стево Пендаровски.

Според нив според досегашната пракса на инаугурации на претседатели не се повикувале лидери на политички партии кои не се пратеници.

Прочитај повеќе вести: Министерот за внатрешни Оливер Спасовски очекува Интерпол да ја објави потерницата за Груевски.

МВР неколкупати контактира и поднесува документи и преку своите кадри и преку Министерството за правда за распишување меѓународна потерница по поранешниот премиер Никола Груевски. Документите за распишување на потерницата по Груевски за терористичко загрозување на уставниот поредок за настаните од 27 април се доставени до Интерпол и очекуваме потерницата да биде објавена, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање по официјалното почнување на Твининг проект за усогласувањње на националните системи со ЕУ и шенгенските барања за гранично управување.

Интерпол, вели Спасовски, се уште врши некакви испитувања. Тој смета дека потерницата што е испратена ги исполнува критериумите за да биде објавена.

Нагласи дека потерницата со сите потребни документации и без никаков недостаток е доставена до Интерпол.

Спасовски е уверен дека нема никаква правна пречка потерницата за Груевски да биде објавена во Интерпол, особено за вакви кривични дела и очекува дека врвот на Интерпол ќе донесе таква одлука.

поврзани објави

Последни објави