3.8 C
Skopje
Tuesday, January 21, 2025

Поранешниот американски секретар за одбрана Роберт Гејтс: Трамп и неговите противкандидати се престари за функцијата претседател

Поранешниот американски секретар за одбрана Роберт Гејтс во интервју за телевизијата Би-Би-Си рече дека престарите кандидати за претседател на САД на изборите во 2020 година е „проблем“.

Гејтс смета дека остроумноста на 60 години и на 76 години не може да биде иста и таа разлика во годините може да предизивка проблем.

Тргнувајќи од свое искуство, тој додаде дека прашањето за интелектуалните способности во одмината возраст е проблем како за него, така и за споменатите кандидати, „кои не се доволно енергични за функцијата претседател на САД“.

Гејтс, кој е републиканец, смета дека претседателот Трамп на возраст од 72 години можеби е исто така престар за таа функција. Трамп е највозрасниот претседател досега по поранешниот претседател Роналд Реган, кој го започнал својот втор мандат на 73-годишна возраст.

поврзани објави

Последни објави