5.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Силно невреме го очекува и Истокот: Кризните штабови активирани од Општините

Силно невреме доаѓа кон Истокот. Бурата Андреа која кај нас се очекува од утре попладне, би можела да донесе врнежи над 50 литри на м/2:

„Поголеми поројни врнежи, проследени со силен ветер и град се очекуваат од утре попладне, а вкупно ќе наврнат и до 70 литри на м/2“, изјави Душанка Танушевска , синоптичар во УХМР

Можноста за врнежи од дожд во количини кои се трипати поголеми од вообичаените за нашето поднебје, со себе ја носат и опасноста од поплави. Ова е особено загрижувачки, ако се знае дека браните во моментов се речиси полни, па место за поголем прилив на вода многу нема.

Во моментов, браната Гратче има резерви од еден милион литри вода, што значи дека до прелив има место само за уште 150.000 литри.

Нешто подобра е состојбата со Калиманци . Таму во моментов има 104 милиони литри, а максималниот капацитет е 120. милиони литри.

Од Водостопанство Брегланица информираат дека нивни екипи се на терен и имаат постевено надзор на неколку критични точки долж Брегалница. Извршено е дополнително чистење на делови од коритото и каналската мрежа кај селата Прибачево и Борилчево , локации кои се оценети како критични, а дополнително ќе се интервенира и кај Подгол, моментално најризичната точка долж речното корито.

Прочитајте го целиот текст на ТВ СТАР ОВДЕ

поврзани објави

Последни објави