16.8 C
Skopje
Wednesday, September 18, 2024

Ѓорчев од Берлин: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја интензивира соработката со германската ЦДУ

Во рамките на конференцијата „Улогата на пратениците во регионалната соработка“ која е дел од Интер-парламентарна иницијатива за соработка помеѓу земјите од Западен Балкан 2019, која се одржува во Берлин од ВМРО-ДПМНЕ беа поканети координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и меѓународниот секретар Владимир Ѓорчев.

На конференцијата свои обраќања имаа германскиот пратеник и координаторот за трансатлантска соработка на германската влада Петер Баер, амбасадорот и директорот за Југоисточна Европа, Турција и ЕФТА во МНР Кристијан Хелбах, директорот на директоријатот за централна и источна Евопа, централна Азија и јужен Кавказ Матијас Лутенберг, претседателот на поткомитетот за европски прашања и пратеник од Австрија Рајнхолд Лопатка, известителот на германскиот парламент за Македонија, БиХ и Албанија, гетманскиот пратеник Кристијан Шмит, заменик директорот на бирото за европска и меѓународна соработка на фондацијата Конрад Аденауер Петер Фишер – Болин, шефот на пратеничката група на ЦДУ во Бундестагот Ралф Бринкаус, заменикот шеф на парламентарната група на ЦДУ Јоханес Вадефул, заменик шефот на пратеничката група на ЦДУ / ЦСУ Катја Лајкерт, претседателката на женската организација при ЕПП Дорис Пак, како и секретарот за меѓународна соработка на ЕПП Патрик Волер.

– ВМРО-ДПМНЕ гради силно пријателство со Германија, ЦДУ и фондацијата Конрад Аденауер, како и со Европската народна партија (ЕПП). Во наредниот период очекуваме интензивна соработка. Благодарни сме на поканата од фондацијата Конрад Аденауер, продолжуваме понатаму со повеќе меѓународни активности како дел од надворешната политика на ВМРО-ДПМНЕ. – нагласи Ѓорчев.

Мицевски нагласи дека овие средби се добри за да ги запознае германските функционери со состојбите во Македонија.

– Одлично е да се остварат средби и да се слушнат од прва рака дискусиите и обраќањата на највисоките кругови на германската политика. Ова беше шанса соговорниците од Германија да ги запознам со состојбите во Македонија. Ќе продолжиме да работиме заедно. – кажа Мицевски.

поврзани објави

Последни објави