7.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024
Платено политичко рекламирање

Заев: Истрагата за Богоевски да се заврши, иако тоа си е лична работа

Она што во приватниот живот на одредена личност нема рефлексија врз извршувањето на неговата јавна функција за мене е негово лично право, рече денеска премиерот Зоран Заев, коментрајки го случајот со пратеникот Павле Богоевски, пренесува Фактор. Заев застана во негова одбрана и рече дека тој е активен во Собранието, но повика истрагата да се заврши.

„Јас сум транспарентен човек секогаш сум повикувал на одговорност, сум разрешил луѓе, директори…Сега зборувам за нови промени. Она кое што во приватниот живот на одредена личност нема рефлексија врз извршувањето на неговата јавна функција за мене е негово лично право како се однесува. Затоа и мојата политичка партија соопшти дека тоа е негово лично право, негова лична одговорност и етичко однесување. Неговото работење во парламентот е успешно. Тој е еден од активните учесници во парламентот и учествува во комисиите. Каква и политичка одлука да донесе ќе ја почитувам“, изјави Заев кој денеска е во Виена.

Прочитајте повеќе вести: Во време кога Заев оди да отвора автопати низ соседството, ВМРО-ДПМНЕ потсетуваме на неговите славни изјави. Прес-конференцијата ја одржа партискиот портпарол Наум Стоилковски.

Неговата прес-конференција следува во продолжение.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави