Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска се сретна со претседателот на ДУИ Али Ахмети и претседателот на Собранието Талат Џафери.
„Претседателот Пендаровски укажа на потребата во периодот што претстои сите политички чинители да имаат одговорен пристап и да ги насочат своите капацитети кон исполнување на реформската агенда, а со цел отпочнување на пристапните преговори за членство со Европската унија.“
Сепак во оваа насока иако Пендаровски најавуваше и релаксирање на односите со опозициската ВМРО ДПМНЕ кои пак го признаа изборниот резултат сепак за сега се уште нема најава за средба меѓу Пендаровски и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски. Неодамна шефот на државата Пендаровски имаше средба и со премиерот Зоран Заев, изборот му го честитаа и високи претставници на ЕУ но и амбасадорите во земјата.