Родители на штотуку родено бебе го заборавиле во такси по излегувањето од породилиштето

0
1
Фото

Родителите на штотуку роденото бебе, го заборавиле своеот новороденче во такси, откако излегле од болницата и пристигнале пред својата куќа, објавила полицијата од Хамбург.

Кога ја сфатиле грешката, таткото се затрчал кон автомобилот, но таксистот не го забележал. Ниту со повик во такси службата, родителите не успеале да го лоцираат своето бебе.

Возачот не бил свесен дека и понатаму го вози бебето, па го паркирал својот автомобил во подземната гаража и отишол на пауза за ручек.

По враќањето, возел неколку километри за да стигне до следниот патник, кој, конечно во автомобилот го забележал заспаното бебе.

Следел повик до полицијата која успеала на крајот конечно да го спои бебето со родителите и со 1-годишната сестра.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here