11.8 C
Skopje
Sunday, April 14, 2024
Платено политичко рекламирање

Претседателот Пендаровски се огласи за средбата со Села

Претседателот Пендаровски на Фејсбук предмалку се огласи за средбата со Села.

– Денеска остварив одвоени средби со претседателите на политичките партии Алијанса за Албанците, Зијадин Села и Алтернатива, Африм Гаши. На средбите беше истакнато дека со цел за реализација на реформската агенда, а со стремеж за напредок на државата во европските и евроатлантските интеграции, потребен е конструктивен политички дијалог меѓу сите политички чинители во Република Северна Македонија. Сите политички субјекти треба да дадат свој придонес во периодот кога земјата очекува одлука за одредување на датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија. Ја нагласив потребата политичките партии, и од власта, и од опозицијата, да демонстрираат заедништво, во функција на реализација на интересите на државата, напиша Пендаровски.

Прочитај повеќе вести: Прво петок, а потоа и вторник е неработен ден – пред нас продолжен викенд

Иако работната недела тукушто почна, ќе ви ја разубавиме со супер вест.

Пред нас е уште еден продолжен викенд. Во петок Македонија го празнува денот на Светите браќа Кирил и Методиј кои се основоположници на словенската писменост па оттука ве информираме дека работната недела ќе трае пократко.

Согласно Законот за празници дека петок е неработен ден информираше Министерството за труд и социјална политика.

После овој празник, следен неработен ден е вторник, 4 јуни Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави