Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се сретна до Директорот на Меѓународниот републикански институт за Европа, Пол Мекарти.
На средба се потврдија добрите односи помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ и се согласија за понатамошна продлабочена соработка.
Мицкоски го информираше Мекарти за посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ насочена кон стратешките интереси на нашата земја за членството во ЕУ и НАТО.
На средбата се дискутираше и за актуелната политичка состојба, предизвиците и реформските процеси. Мицкоски посочи дека власта доцни со потребните реформи и го нема потребниот капацитет да ги спроведе истите.
Тој исто така го истакна недостатокот на демократски капацитет кај власта и злоупотребата на државните институции за свои лични интереси, притоа потенцирајќи ја се поприсутната корупција, непотизам, матни тендери, грантови и други незаконски активности.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за крај порача дека на Република Македонија итно и е потребно департизација на администрацијата, деполитизација на судството и забрзан економски раст.