8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Османи: Одлуката на претседателот Пендаровски не вознемири сите, сметаме дека е донесена од недостаток на информации

Вицепремиерот Бујар Османи во врска со назначувањето на Еролд Муслиу на чело на Агенцијата за разузнавање за Алсат М изјави:

-Вчерашната одлука на претседателот не вознемири сите. Мислиме дека тоа беше одлука донесена од недостаток на информации, рече Османи.

Османи додаде дека се додека не се расчисти во целост случајот Куманово, опфатените лица не можат да заземат клучни позиции во институциите. Тој се надева дека претседателот ќе го разгледа уште еднаш изборот на Муслиу, за кој верува дека не го направил тоа за други цели.

Инаку вчера и весникот Лајм објави дека „Пендаровски му ја зададе првата „шлаканица“ на ДУИ, десет дена по преземањето на функцијата“.

Именувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање се смета за силна „шлаканица” од страна на претседателот Стево Пендаровски за ДУИ, велат партиски извори за весникот Лајм. Тие потсетија дека Муслиу бил споменуван во 2011 година како потенцијален кандидат за директор, кога претседател беше Ѓорге Иванов, но тогаш силно реагираше ДУИ, оценувајќи го како несоодветен кадар. Но, сега Иванов веќе не е претседател и очигледно влијанието на ДУИ во претседателството е многу послабо.

Подолу може да се прочита реакцијата на ДУИ од 2011 година против Еролд Муслиу. Весникот Лајм се обиде да ги контактира, но од ДУИ засега нема некаква реакција во врска со назначувањето на Мусли како директор на Агенцијата за разузнавање.

Прочитајте повеќе на Курир

поврзани објави

Последни објави