-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Миленко анализира: Заев ќе си поднесе оставка од претседателското место во СДСМ за две до три недели и на тој начин ќе расчисти со крилата во СДСМ

Јавноста во нашата земја е во очекување на проветрувањето кое го најави Премиерот Заев во сите институции, а по неочекувано слабите резултати кои ги постигна партијата на Претседателските избори.

При секоја изјава на Заев во изминатите денови, новинарите го прашуваат кога ќе започне со реконструкцијата која ја најави, а тој моли за трпение, нагласувајќи дека не би сакал да избрза со потезите, односно се прави темелна анализа, а конкретни резултати се очекуваат на почетокот на Јуни.

Вчера Премиерот Заев ги разреши сите Претседатели на Општинските Одбори на својата партија, но и препорача, на оние Претседатели во чии општини се постигнала побнеда, да се пријават и да конкурираат повторно за местата.

,,За две до три недели Зоран Заев ќе поднесе оставка од местото претседател на СДСМ. Ќе се оди на нови партиски избори каде што повторно ќе биде избран.

Ќе се зацементира, како никој досега. Тоа ќе му направи простор да расчисти со кумановското и скопското крило.”, анализира Неделковски во свој статус на социјалните мрежи.

поврзани објави

Последни објави