Земјоделството е еден од секторите што има значаен придонес во економиите на македонија и Црна Гора и затоа е важно двете земји заеднички да креираат мерки за развој на овој сектор.
Ова денеска го истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на заедничката меѓувладина седница на Република Северна Македонија и Република Црна Гора.
Николовски посочи дека изминатиот период имаат интензивна соработка со вицепремиерот за економски прашања и министер за земјоделство на Република Црна Гора, Милутин Симовиќ, во однос на размена на искуства за моделот на државава за ефикасно искористување на ИПАРД програмата, и искуството на Црна Гора во преговарачкиот процес со Европската Унија во делот на поглавјата за земјоделство, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
-За нас е особено добредојдено искуството на Црна Гора во делот на отворањето на поглавјата 11 и 12, бидејќи Црна Гора веќе ги има отпочнато преговорите, и може на експертско ниво да ни помогнат. Важно ни е секое искуство во делот на скринингот и поглавјата што во делот на земјоделството се навистина тешки и поради тоа секое искуство ќе ни биде драгоцено. Од друга страна, ние имаме позитивно искуство во делот на искористеноста на ИПАРД програмата, важиме за лидер во регионот, и ова наше искуство ќе го споделиме со Црна Гора. Како држави ја засиливме соработката меѓу Платежните агенции на РС Македонија и Црна Гора, тие неодамна потпишаа и Меморандум за соработка, преку кој ќе се зајакнат капацитетите за соработката и размената на искуства особено во делот на ефикасното искористување на средствата од Европскиот земјоделски Фонд за рурален развој, посочи министерот Николовски.
Прочитајте повеќе на Канал5 телевизија.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со честитка за денешниот празник 24 мај, Денот на сесловенските просветители, браќата Свети Кирил и Методиј:
Дозволете ми од мое име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, да им го честитам на сите граѓани државниот празник 24 мај, Денот на сесловенските просветители, браќата Свети Кирил и Методиј.
На овој ден се потсетуваме на големите на се сесловенските просветители кои на идните генерации им го подарија најголемото богатство, писменоста. Светите браќа овозможија рамноправност на милиони луѓе, а со тоа го трасираа и патот за ширење на христијанството и христијанските вредности. Ликот и делот на Свети Кирил и Методиј е и дел од македонскиот идентитет, јазик, историја и култура.
Светите Кирил и Методиј имаа визија, знаење и постојаност. Ние денес се соочуваме со тешко секојдневие, предизвици и не помали искушенија. Но сепак ова е реалност која мораме да ја промениме, а тоа ќе биде со визија, знаење и мудрост.
Македонија е земја со свои корени, историја, но и земја на која мораме да ја обезбедиме заедничката иднина на сите.
Тие веруваа дека секој народ заслужува свој јазик па така го подарија најголемиот подарок кој човек може да го добие писменоста, знаењето е единственото нешто кој никој не може да го земе или да го оспори.
Нека ни е честит овој голем празник Денот и Големото дело на светите Кирил и Методиј.