3.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Први резултати од европските избори 2019: пробив на десницата во најлибералната земја

Од 23ти до 26ти мај, во Европа се одржуваат парламентарни избори за Европскиот парламент. На овие избори ќе биде одбран и следниот претседател на Европската комисија која се смета за највисоко одлучувачко тело на ЕУ.

Првите резултати од изборите во Европа пристигнаа од Холандија (EXIT POLL):

Партијата Форум за демократија која направи БУМ во Холандија а скоро стана и член на Европските конзервативци и реформисти преку групацијата на АКРЕ, успеа да направи голем пробив на сцената во оваа либерална земја. Европската нардона партија, АКРЕ како и ултра десницата од новата групација на Салвини и Ле Пен успеаа да земат повеќе од 40% од гласовите и мандатите за пратеници, но сепак, на големо изненадување, победници на овие избори беа Социјалистите и левичарите.

Оваа изненадна победа на Социјалистите го става нивниот кандидат Франц Тимерманс во предност во евентуално формирање на следна влада односно во предност пред Манфред Вебер (кандидатот на ЕПП) при одлуката за кој ќе биде носител на функцијата претседател на Европската Комисија.

Резултати: ЛЕВО, ЦЕНТАР и ЦЕНТАР ЛЕВО:

Социјалисти 5 пратеника, АЛДЕ 6 пратеника, Зелените 3 пратеника – тотал 14 пратеника

ДЕСНО, ЦЕНТАР-ДЕСНО, УЛТРА ДЕСНО

АКРЕ (2+3) или тотал 5 пратеника, ЕПП (4+1) или тотал 5 пратеника, ЕАПН/Европа на нации и слобода 1 пратеници тотал 11 пратеника
+1 пратеник ќе добие една од партиите надвор од горенаведените (веројатно екстремната левица GUE/NGL).

Фото

Извор: Nos.Nl – линкот од текстот ОВДЕ

поврзани објави

Последни објави