Ти тек дознаваш..
Она што јас ти го кажав на првиот као состанок..
Ти тек дознаваш дека си убава..
Млада и полна живот..
Со бисерен осмех..
И јаболчесто црвени образи..
Со очи ко Езеро бистри и чисти..
Ај да не набројувам многу..
Ќе ти се здоарни..
Сепак не сакам да те разгалам..
А сакам да ти кажувам убави ствари..
Да прејдам на суштината..
Те сонував..
На пусто островче..
Ја и ти..
Не бевме гушнати..
Немам јас среќа ни у сон пак да те ќарам..
Него ти спиеше во една како отворена колиба..
А јас ко мускетар и агент во исто време..
Чував некој да не му текне да ти пријде..
Она што ми е свето ќе го штитам до крај..
Ама те разбудив..
Сакав малце да те покријам..
И даските шупливи..
Ме издадоа..
Те разбудив..
Се погледнавме..
Ти не рече ништо..
Јас занемев..
Проблематична тишина..
И се разбудив..
Сакав да останам у тој рај уште малце..
Ама ни сонот не ми дозволува да те имам..
Ти секогаш ќе останеш убава..
А јас.. Јас ќе патам од неа..
И ќе се надевам дека еднаш ќе те сонам со мене..
Автор: Златко Ѓоргијоски