Европскиот комесар, Јоханес Хан синоќа во 22:50 часот слета на аеродромот во Скопје, од каде замина преку излезот за ВИП личности, а ноќта ја помина во хотелот Мериот во строгиот центар на градот.
Во текот на денот Хан го очекува набиена агенда, во која ќе оствари средба со техничкиот премиер Емил Димитриев, а ќе има средби и со министрите за енергетика од Западен Балкан.
Вечерните термини се очекува да бидат насочени кон министерот за надворешни работи Никола Попоски, ќе има средба уште со Владимир Пешевски, а се шпекулира и можен состанок со претседателот Ѓорѓе Иванов.