6.8 C
Skopje
Thursday, December 12, 2024

Славески: Со Груевски долго време немам контакт, но добив новогодишна честитка од унгарски број

Иако пред неколку години му бил советник, вели дека по стапувањето на министерската функција, уште на старт имал заладени односи со Груевски.

„Му кажав уште на почетокот дека прави голема грешка што Сашо Мијалков го поставува за прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Тоа подоцна се потврди, но штетата за државата и партијата веќе е направена“.

Вели дека денеска нема контакти со Груевски, кој стана азилант во Унгарија. Добил само честитка од него за Нова година од унгарски број.

На прашањето пак зошто го нема во „бомбите“, поради тоа што истите се однесуваат на периодот после 2012 година, кога не е на функција или поради нешто друго, вели дека за разлика од некои други функционери од партијата, тој забелешките што ги имал му ги кажувал директно на Груевски, а не по телефон.

А за „бомбите“ вели:

„Знаев дека гласовите се автентични“.

поврзани објави

Последни објави