Во кинеската провинција Џеџанг, семејството Рен направи фамилијарна фотографија, која го привлече вниманието на светската јавност, затоа што мораше да биде направена со дрон.
Причината за тоа е што семејството брои неверојатни 500 членови. Семејното стебло на фамилијата Рен е длго 851 година, но не било дополнувано речиси 80 години.
Сепак, старешините не сакале се да остане попусто, поради што пред извесен период започнале да го евидентираат стеблото, каде констатирале дека има повеќе од 2.000 живи потомци, распоредени дури од седум генерации.
На прославата на Кинеската Нова година, од семејството Рен се собрале повеќе од 500 членови, а сето тоа било овековечено со фотографија.
https://www.youtube.com/watch?v=08Drd4-o65o&feature=youtu.be