3.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Фото: И хотел Мериот со поздрав до шампионите – Добредојдовте

Плоштадот “Македонија” веќе се полни со народ од сите страни. Река од луѓе во „црвено-црно“ е насобрана и ги чека хероите – ракометарите на Вардар да пристигнат и да започне официјалната промоција на европскиот трофеј.

Дел од граѓаните од своите домови директно се упатија кон плоштадот, а дел веќе се на аеродромот каде во секој момент се очекува пристигнување на европските шампиони.

Свој поздрав до ракометарите упати и хотелот Мериот со транспарент на кој пишува “Добродојдовте шампиони” а на кој покрај логото на Вардар стои и името на самиот хотел “Мериот”.

 

поврзани објави

Последни објави