6.8 C
Skopje
Monday, December 9, 2024

Лазаров: Ова е бајка, Вардар стана симбол дека е можно и тоа што другите велат дека не е можно

Најдобриот македонски ракометар и еден од најдобрите во светот, Кирил Лазаров во изјава за хрватските медиуми кажа дека е многу горд на успехот на Вардар. Тој рече дека е неверојатно ова што го направи Вардар.

„Ова е бајка, настан за кој ќе се зборува уште многу години. Вардар стана симбол дека е можно и тоа што другите велат дека не е можно. Вардар стана инспирација за сите луѓе во светот, не само на спортистите, туку на сите аутсајдери, ги натера да сфатат дека во животот најважно е да веруваат, крваво да работат и да ги потрошат и последните капки крв и пот за да ги исполнат своите соништа. Тие момци седум-осум месеци немаа земено плата. Пред две години кога станаа европски прваци, беа финансиски моќни и тоа не беше големо изненадување. Но, тоа што се случи годинава е нешто поинакво. Во меѓувреме си заминаа неколку важни играчи, никој не им даваше шанси дека ќе избора фајнал-фор, а камоли да станат прваци“, изјави Лазаров.

Прочитај повеќе вести: Дибиров: За време на одморот со Барселона се погледнавме и си рековме: Ако треба ќе изгинеме, но нема да загубиме

Рускиот ветеран Тимур Дибиров беше е меѓу најрадосните вечерва на прославата на втората европска титула, со оглед низ што тој и неговите соиграчи минуваа за да дојдат до неа.

Тој во автобусот полн со херои само го потврди тоа што сите го знаеја многу одамна, дека Вардар е колектив во кој сите дишат како еден.

„Ние сме тим, ние сме екипа со 18 капитени. Се најдовме во ужасна ситуација по првото полувреме со Барселона, но направивме голем пресврт. За време на одморот се погледнавме и си рековме – ако треба ќе изгинеме, но нема да загубиме. И самите видовте што се случи потоа. А, јас ќе мора да гледам видео за да се потсетам, бидејќи се уште целото второ полувреме ми е низ магла“ – изјави Тимур Дибиров.

поврзани објави

Последни објави