3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Шишкарев пред илјадници Македонци: Сакам да станам Македонец, една година барам пасош, ама тие не сакаат да ми дадат

Шишкарев се пошегува кога го доби микрофонот на големиот пречек во Скопје и кажа дека сака да стане Македонец, но не му давале пасош.

-Сакам да станам Македонец, ама не ми даваат уште пасош. Јас го барам една година, ама тие не сакаат да ми дадат. Луѓе ви честитам. Ова е голема победа за нас, за вас, за цела Македонија. Еден живот, една љубов, вели Шишкарев.

На патувањето од аеродром до центарот на Скопје, Словенецот во Вардар, Сташ Скубе не можеше да ги сокрие емоциите.

-Најсреќен човек сум на светот. Не ми се верува како ме примија во луѓето во Скопје. Пресреќен сум што сум дел од екипата. Ова екипа никогаш нема да биде губитничка. Се ежам од целава ова атмосфера, изјави словенечкиот ракометар во „црвено-црниот“ дрес.

Скубе изрази оптимизам дека Вардар ќе продолжи да постои силен како што е сега.

поврзани објави

Последни објави