Фуксе Берлин од следната сезона ќе има европски првак на голот. Дејан Милосављев беше генијална идеја на Дејан Периќ и човек кој ги надмина сите очекувања.
Неговиот напредок во текот на сезоната беше неверојатен, а емотивниот поранешен голман на Партизан на бината пред десетици илјади фанови пак емотивно се отвори и ги поздрави поддржувачите.
„Добровечер за народот со најголемо срце што некогаш сум видел. Овие момци се нешто посебно. Игравме за вас до „коска“, пуштивме крв и покажавме дека вашата поддршка ќе ја вратиме. Да живее Вардар, да живеат Македонците“, „згрми“ српскиот голман.