7.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Заев: Германците стравуваат од закани од мојот пријател Еди Рама за можни промени на границите, јас не верувам во тие работи

Извештајот на Европската Комисија е најпозитивен до сега за Северна Македонија и дека сите без исклучок се согласни дека земјата треба да ги започне преговорите за членство, рече премиерот Зоран Заев од Брисел, додавајќи дека неговата влада направила суштински напори и презела голем политички ризик во процесот на усвојување на Преспанскиот договор, за што беше потребно двотретинско мнозинство. Оттука и опасноста пратениците, на кои им било ветено дека гласот за Преспанскиот договор и за уставните измени значи отворање на вратите на ЕУ, да изгубат доверба во власта.

Сценаријата за претстојните министерски состаноци на ЕУ, рече Заев, се отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија во најдобар случај, неотворање на преговорите со ниту една од овие земји, што е најлоша варијанта, или отворање на преговорите со Македонија и одлагање на одлуката за Албанија за подоцна. Премиерот нагласи дека Холандија и Франција имаат поголеми резерви кон отворањето на преговорите со Албанија, но и дека Германците стравуваат од закани од албанска страна дека тоа би довело до нестабилност во регионот, посебно на Косово.

Тие мислат дека ако отворат преговори со Северна Македонија, ќе се создаде проблем ако се остави Албанија и дека тоа би можело да има влијание врз Косово, тие стравуваат од закани од мојот пријател Еди Рама, за можни промени на границите или спојување со Косово, но јас не верувам во тие работи затоа што тоа ќе значи назадување од најмалку десет години за Албанија ако направат такво нешто, никој не сака такво нешто да прави, порача македонскиот премиер пред странските медиуми.

поврзани објави

Последни објави