2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Илија Димовски: Нема атмосфера дека Македонија ќе добие преговори со ЕУ

Ние живееме во еуфорија во која што беше креирана благодарение на преголемите очекувања. Дали ВМРО-ДПМНЕ посакува да добиеме преговори. Да, посакува. Зошто? Бидејќи премногу труд е вложен и од многу структури на ВМРО-ДПМНЕ. Првата препорака ја добивме во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Од десет препораки, осум се добиени во време на ВМРО-ДПМНЕ, вели Илија Димовски во неговото гостување на 1ТВ.

Ние овие 2 години гледаме злоупотреба на системот во политичката битка од страна на многу институции, судството генерално. На ВМРО-ДПМНЕ му одговара што побрз почеток на преговорите со ЕУ од тој аспект. Нема да може во таква ситуација да се водат произволни постапки, нема да може на партиски митинг претседател на партија да се фали колку обвиненија и кривични пријави поднел, додава тој.

Нема атмосфера дека Македонија заслужила дека треба да добие преговори, дека направила одлични реформи поради кои треба да отпочнат преговорите со ЕУ, рече тој.

поврзани објави

Последни објави