3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Фридом хаус: Македонија е земја со делумно слободни медиуми, иако сликата е подобра од лани

Најновиот извештај на Freedom house со кој се опфатени 100 земји, констатира дека во 16 држави окарактеризирани како „слободни“ има пад на слободата на медиумите, но загрижувачки според Фридом Хаус е трендот во Европа, каде во четири од пет држави со рејтинг слободни, има пад од 8 проценти.

Северна Македонија е на 59 место (на местото 100 е Шведска – земјата со најголема слобода) и спаѓа во категоријата на делумно слободни медиуми. Поделени во четири групи – од 0 како најлоша најлоша, до 4 како најдобра, нашата земја е во втората група и има регистрирано подобрување на сликата со медиумите од лани.

Но, целосниот извештај е во подготовка.

Од објавеното, во делот на слобода на медиумите, од највисоката оценка 1 до најниската 7, земјава има оценка 3,5. Во делот на политичките права, оценката е 4, а во делот на граѓнските слободи е оценета со 3.

поврзани објави

Последни објави