7.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

За шест години близу 30 илјади македонци станале бугарски државјани

Точно 200 027 луѓе побарале, а 132 020 добиле бугарско државјанство во последните 15 години. Тоа нема да го компензира наполно напуштањето на близу 2 милиони бугари во последните 25 години во странство, но покажува начин за зголемување на населението на Бугарија. Според Законот за бугарско државјанство има два начини за негово добивање – докажување на бугарски произход или по натурализација.

Над 60 илјади луѓе добиле бугарско државјанство од почетокот на 2012 г. до средината на јуни оваа година. Најмногу бугарски пасоши земале македонците. Ова покажуваат извештаите на Комисијата по бугарско државјанство во Бугарија.

За шест одини 37 133 луѓе добиле бугарско државјанство при докажување на произход, што подразбира претставување на документи како воени книшки и др. Најмногу такви кандидати има од Македонија, Албанија и Косово.

Од 2012 до средината на јуни 2018 година има 4458 отказа за давање на бугарско државјанство, а причините се различни – неодговарање на условите, невозможност да се докаже потекло и др.

Во текот на годините има и подеми и падови во бројот на пријави за бугарско државјанство, но генерално тенденцијата е во раст на кандидатите по пристапувањето на Бугарија кон Европската унија (ЕУ) покажува статистиката.

Само за една година (од мај 2017 г. до јуни 2018 г.) Државната агенција за бугарите во странство издала околу 30 илјади сертификати за бугарско потекло – документ, со кои се бара државјанство во Советот за државјанство на Министерството за правда, кој испраќа мислења до потпретседателот.

поврзани објави

Последни објави