2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Солза Грчева и нејзината партија со поддршка за Македонија да стане една изборна единица со пропорционален модел

Во пресрет на отворањето на Изборниот законик во Собранието, „Глас за Македонија“ бара и инсистира на две работи, вели во соопштение претседателката на оваа партија, Солза Грчева.

„Прво, Македонија да биде една изборна единица со пропорционален модел, отворени листи за пратеници и низок изборен праг. На тој начин, помалите партии нема да ги губат, односно со Донтовиот модел дури и да ги поклонуваат своите гласови на поголемите. Второ, да се промени начинот на финансирање на партиите. Оној кој е сега на сила, ги исцрпува сите пари од буџетот во полза на големите 4 партии во Парламентот. Нагласуваме дека се работи за вртоглаво високи суми кои се одлеваат од нашите џебови. Со 4,5 милиони евра годишно, се врши отворен поткуп на гласачите. Дури и скромната сума од 280.000 евра, предвидена во Изборниот законик за таканаречените аналитички центри на партиите, оди повторно само кај овие партии“, нагласува Грчева во соопштението.

Таа појаснува дека нејзината партија бара ваквите сегашни суми да се намалат барем на половина, а дел од парите наменети за големите партии, да одат за редовно сервисирање на скромните потреби на помалите, вон-парламентарни партии.

поврзани објави

Последни објави