5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

ГДУ му дише во врат на Бочварски: Честитаме за проектот „затворен базен во Штип“, навистина зборот е збор

Денеска, претседателот на Граѓанско Демократска Унија- Штип, Борче Пачемски, одржа прес-конференција на која се „заблагодарува“ на градоначалникот Бочварски за „реализацијата“ на уште еден проект, кој беше најавуван за време на предизборната кампања.

„Би сакале да се заблагодариме за реализацијата на еден проект, кој беше најавуван во предизборната кампања на градоначалникот на Штип, г. Благој Бочварски.

Ние од ГДУ, сакаме први да честитаме за проектот „затворен базен во Штип“. Штип конечно доби затворен базен! Многу влади досега ветуваа и се обидуваа да смогнат сили да реализират еден ваков голем проект, но само оваа власт успеа да го реализира.

Навистина зборот е збор!

За жал, добивме само затворен базен, но не и покриен таков. Би сакале да знаеме дали ова лето ќе се примени иновативната метода за разладување од летните горештини по примерот на предходниот градоначалник на Скопје, г. Коце Трајановски, со поставување на песочни плажи покрај реката Брегалница?

Само најискрено ве молиме, во никој случај да не се плажите во Ново Село, бидејќи цевката од колекторот сѐ уште не е направена, иако цела Македонија разбра за фекалиите кои излегуваат од таму. Можеби подобро е градскиот базен да биде отворен за да можат граѓаните да уживаат во капацитетите на истиот, или пак ќе треба да одиме до соседните градови на пример Пробиштип или Кочани?

На овој прес, темата за аква- парк нема да ја отвораме, бидејќи стана јасно дека тоа било само една детска желба на нашиот градоначалник која никогаш за жал нема да се исполни“, изјави Борче Пачемски, претседател на ГДУ-Штип.

Конечно „затворен“ базен во Штип!

Конечно „затворен“ базен во Штип!

Posted by Граѓанско Демократска Унија-ГДУ-Штип on Monday, June 10, 2019

поврзани објави

Последни објави