Принципот на ,,четири очи,, ,највисока досега транспаретност, инклузивност и технологија, стандардите на Еуростад и изреката ,,трипати мери еднаш сечи,, се најважните работи кои треба да се имаат на ум кога станува збор за спроведување на следниот попис во Македонија, напиша Никола Груевски на Фејсбук.
Според Груевски државните треба да се пред партиските и личните интереси. Само чесен приод и чесни намери на сите учесници може да резултира со успех, но и силен надзор и контрола. Секое одбегнување надзор и контрола од организаторот ќе внесе сомнеж и недоверба уште во рана фаза. Само кристално ,,чист,, попис може да е успешен и признаен од сите.
Искуствата од минатото, од пред седум и пол години треба да се водилка кон одбегнување на истите проблеми, за проблемите да не се повторат. Луѓето го спроведуваат пописот. Нивниот интегритет, чесност и независност, пред се.Заради уставните одредби кои произлегоа од охридскиот рамковен договор, во Македонија освен статистичка операција, има и сериозна политичка важност, напиша Груевски.