8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Каракачанов: Никој не ви брани да бидете Македонци, но не можете да ја фалсификувате историјата

Северна Македонија нема да може да се придружи во ЕУ и НАТО доколку не го прифати ставот на Бугарија околу историските прашања кои предизвикуваат контроверзи во двете држави, изјави за ТВ „Европа“ бугарскиот министер за одбрана и претседател на националистичката партија ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов.

Тој смета дека Бугарија треба цврсто да се придржува до својот став по овие историски прашања и да запре со поддршката во евроатлантските интеграции на својот западен сосед, ако не се постигне договор во рамките на бугарско-македонската историска комисија формирана со Договорот со Бугарија.

-Скопје нема избор освен да ги признае историските факти, ако сака да се придружи во Европската унија и НАТО“, вели Каракачанов и додава:

„Ако сакате да бидете дел од ЕУ, никој не ви брани да бидете Македонци. Ако сакате да верувате во утопијата дека Александар Македонски е ваш предок, тоа е ваша работа, но не можете да ја фалсификувате историјата“.

Каракачанов се сомнева во ефикасноста на работата на заедничката комисија и смета дека напорите да се дојде до точка што ќе им одговара на двете страни нема да доведат до ништо конкретно. -Не може да се создаде сурогат од историски вистини и фалсификати, не може да се создаде нешто помеѓу лаги и вистини.

Претходно Каракачанов изрази огорченост поради тоа што Скопје инсистира на македонското потекло на револуционерот Гоце Делчев, а лут е и поради предлогот на македонската страна во комисијата за заедничко чествување на споменот на Гоце Делчев на 7 октомври- денот кога Бугарија ѝ ги предаде неговите поcмpтни останки на Македонија.

-За мене таквиот предлог е отворен исмевање, кое всушност го подрива процесот на подобрување на односите меѓу нашите земји, рече тој.

Претходно Каракачанов се закануваше со бугарска блокада во ЕУ и НАТО и „доколку премиерот Зоран Заев продолжи да тврди дека постои македонски јазик“.

Во повеќе наврати слични предупредувања имаше и од бугарскиот претседател, Симеон Радев.

поврзани објави

Последни објави