8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Наместо во државен, Пендаровски со редовна авионска линија патува за Брисел (Фото)

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски е на пат за Брисел каде ќе има одделни средби со претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск и со заменик-претседателот на Европската комисија и високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини.

Она што е многу интересно е дека новоизбраниот претседател на државата патува за Брисел со своите соработници со редовна авионска линија, наместо со државен авион.

Тој заедно со членови на својот кабинет, објави фотографија од авионот.

За време на посетата Пендаровски, како што се наведува во соопштението, ќе се обрати на трибина организирана од „Пријателите на Европа“ и ќе говори на тема „Северна Македонија и нејзината потрага за евроатлантска интеграција“.

поврзани објави

Последни објави