6.8 C
Skopje
Thursday, December 12, 2024

Радости во домот на Лора: Ќерката на Сузана Турунџиева објави фотографии

Ќерката на Сузана Турунџиева, Лора Турунџиева Наунов во март се оствари во улогата на мајка, кога заедно со својот сопруг Филип Наунов го добија нивниот син Јаков.

Таа сега објави фотографија од крштевката на бебето, а честитките под фотографијата не престанаа да се нижат.

Лора и Филип минатата година во август стапија во брак.

Извор: Дневно – прочитај повеќе вести: Трипуновски: Власта со новата регулатива дополнително го осакатува македонскиот земјоделец

Продолжува агонијата на земјоделците производители на праска од Росоман. Трета година по ред откако СДСМ е на власт производителите на праска од Росоман немаат откуп за својот род. Производството наместо на откуп завршува на буниште, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Иако ВМРО-ДПМНЕ и укажуваше на власта уште минатата година дека се усложнува извозот на праската посебно за рускиот пазар, власта и ресорното министерство не пристапија кон изготвување на план и стратегија за негово решавање, напротив носат ад – хок мерки кој дополнително временски го пролонгира откупот и пласманот на праската, изјави Трипуновски и додаде:

„Власта бара од земјоделците пред да го извезат својот род на сопствен трошок да направат анализа која трае од 5 – 7 дена, а потоа да можат да извезат својот род. Имено владата предвидела дека земјоделците откако ќе ги наберат праските и ќе ги спремат за утовар треба од истите да земат неколку мостри и да ги однесат во надлежната лабораторија. Периодот од 5 – 7 дена е период за кој праските буквално може да станат мармалад додека ја чекаат дозволата за извоз од Државниот земјоделски инспекторат. Дополнителниот услов е директен удар врз земјоделците, како малите, средните, така и поголемите, кои немаат ладилник каде што ќе можат во рок од 5 – 7 дена да ги складираат праските додека траат соодветните анализи“.

Власта со оваа нова регулатива, потенцира тој, дополнително го отежнува извозот и го осакатува македонскиот земјоделец.

-Земјоделството го прави неисплатливо и се повеќе земјоделци ги корнат или сечат нивните децениски насади и го напуштаат земјоделството како основно занимање. Бидејќи ова се случува трета година по ред се доведува во прашање опстанокот на земјоделците во тој регион затоа го повикуваме Зоран Заев и ресорниот министер, ако се уште е министер, да излезат на терен и да преземат брзи и конкретни мерки за решавање на откупот, цената и пласманот на праската, бидејќи се работи за земјоделски производ кој не трпи одложување на бербата.

поврзани објави

Последни објави